Во Прилеп, новогодишната забава на градскиот плоштад ќе започне со најпопуларните – детскиот фестивал „Весели ѕвончиња by Jana“
Во Прилеп, на 31.12.2024 година во 12 часот, новогодишната забава започнува на плоштадот Александрија со детска дневна програма, која ќе биде исполнета со музичките хитови од детските музички ѕвезди од фестивалот “Весели Ѕвончиња by JANA” – фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за МОДЕРЕН, ДЕТСКИ СВЕТСКИ БРЕНД!!
Повеќе од очигледно е дека и оваа година ќе биде весело, разиграно и распеано во центарот на Прилеп, каде во еден глас ќе се пеат хитовите од последното фестивалско издание од Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”.