ВИДЕО – ОФИЦИЈАЛНИ, РЕГУЛАРНИ ПОДАТОЦИ: “STANICA.MK” е најчитаниот информативен портал помеѓу прилепчани

Сподели го ова:
























Како велат: “пред фактите и боговите молчат”, посебно кога станува збор за официјални и веродостојни податоци кои се добиени од регуларни извори. Искрено, немаше да ја објавиме нашата статистика во однос на месечните посети од страна на нашите постојани читатели, кои секојдневно и постојано во текот на денот ги читаат објавите на “STANICA.MK”, меѓутоа ова го правиме бидејќи еден портал најверојатно е исплашен од нашиот голем рејтинг во Прилеп, па врз основа на тоа постојано “фигуративно” плука по нас на индиректен начин, (бидејќи знае, ако директно неосновано не нападне, ќе биде тужен). Текстот продолжува веднаш после фотографијата која ја покажува големата читаност на STANICA.MK за минатиот последен месец.

Врз основа на ова, за уште еднаш го потврдиме нашиот голем рејтинг се одлучивме на ваков чекор, и да ја објавиме нашата секојдневна статистика на ОФИЦИЈАЛНИ ПОСЕТИ. Еве, за пример го земаме последниот месец, каде што информативните содржини на единствениот прилепски информативен портал “STANICA.MK” кој што објавува само информации за Прилеп, за само еден месец има 230.284 ОФИЦИЈАЛНИ ПОСЕТИ ОД СТРАНА НА ПРИЛЕПЧАНИ!

Станува збор за официјални посети на објави – кои не се спонзорирани за да постигнеме поголема читаност- а дека не се спонзорирани, тоа може да се види во видеото кое следи на крајот од оваа објава!

Дали ваквата бројка од 230.284 посети од страна на прилепчани / скоро секој месец, го прави информативниот портал “STANICA.MK” најчитан од страна на прилепчани? Ако не е така, тогаш некои други можат потполно да не демантираат и да ја објават нивната статистика, МЕЃУТОА СО ОФИЦИЈАЛНИ БРОЈКИ САМО ОД ПРИЛЕПА НЕ KОМПЛЕТНО СО СТАТИСТИЧКАТА ЕВИДЕНЦИЈА ОД ГРАДОВИТЕ ОД ПЕЛАГОНИЈА за кои пишуваат и известуваат.

Со други зборови, кога ги отвораме картите, прилепчани ги интересира кој е наjчитаниот прилепски информативен портал во Прилеп од страна на прилепските граѓани. Во однос на ова, некои прилепски информативни портали бидејќи пишуваат и објавуваат повеќе информации на ниво на градовите од Пелагонија, не се исклучува можноста (кај само еден од нив) за степен нивната целокупна статистика на читаност од повеќе градови да биде за степен повисока од нашата, меѓутоа истиот го замолуваме официјално да ја објави само статистиката на месечна посетеност од Прилеп, а доколку не ја објави, тогаш искрено го замолуваме да престане “фигуративно” да не напаѓа, бидејќи неговите потези личат на постапки на мали неуспешни деца, бидејќи кога се работи со новинарство и информации, потребна е комплетна сериозност, посветеност, како и целосна стручност во процесот на работа, а не “фигуративно” плукање без покритие!

Ние сме единствениот прилепски информативен портал кој што 99% од содржините се насочени кон Прилеп и прилепчани. Пред една година кога го отворивме нашиот информативен портал, некои беа скептични, дека доколку се ориентираме само кон прилепските читатели, не ќе можеме да имаме голема посетеност, бидејќи до сега многу ретко било некој информативен портал кој се фокусирал на објави и известувања на само еден град, да опстои на медиумскиот – информативен простор. Информативниот портал “STANICA.MK” е доказ на она баш спротивното. Покажавме и докажавме како се работи на правилен, објективен новинарски начин, и како може да се биде најдобар. Инаку, искрено тоа е мошне лесно доколку се работи со голема желба и огромна посветеност. И на крајот, секоја почит до еден дел – од другите останати прилепски информативни портали, со кои што имаме колегијална – искрена почит како новинари, и со кои имаме планови за соработка.

На крајот од оваа објава, преку видео Ви ги прикажуваме нашите официјални податоци за посетеноста на прилепчани за минатиот месец. Исто така, очекуваме од лажните ботови на еден прилепски портал кој “фигуративно” плука по нас на индиректен начин, на објавава да пишува неосновани коментари, меѓутоа наместо да го прави тоа, ги замолуваме во коментар да ја објават нивната статистика на читаност само од Прилеп! Меѓутоа, нивната статистика да ја објават онака јавно, како што ние тоа го правиме – преку видеото кое следи во прилог, бидејќи ние не се страмиме од нашите статистики, туку напротив, ние се гордееме, бидејќи имаме голем рејтинг благодарение на нашиот професионален информативен тим, благодарение на нашите креирани објави и самостојни текстуални информативни прилози, и се разбира благодарение на прилепчани кои секојдневно – постојано во денот, “жедни” да бидат информирани за најновите настани и случувања во Прилеп и прилепско, пристигнуваат на ПРВАТА прилепска информативна станица “STANICA.MK”.




Сподели го ова:

Слични објави