КРИВОГАШТАНИ: Министерот Трипуновски и Сашо Граороски нема да дозволат да има манипулации при откупот на пиперката
Министерот Трипуновски и кандидатот за градоначалник на Кривогаштани Сашо Граорооски, извршија увид на неколку откупни пунктови во Кривогаштани, од каде потенцираа дека нема да дзоволат во Кривогаштани да има манипулации при откупот на пиперка.

Денеска извршив увид на неколку откупни пунктови во Кривогаштани. Нема да дозволам манипулации при откупот на пиперка! Работата на земјоделците мора да биде соодветно вреднувана и заштитена од секаков вид на злоупотреба. Инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство секојдневно се на терен и вршат контроли. Трудот на земјоделецот нема да биде потценет! – порача министерот Трипуновски.


















