ДЕНЕСКА ВО ЛЕГЕНДАРНОТО КРИВОГАШТАНИ: Игор Џамбазов и Андријана Јаневска на Фестивалот на пиперката

Сподели го ова:
























Денеска 27 ми август, со почеток во 17 часот во општина Кривогаштани ќе се одржи “Фестивалот на пиперката”, а во групата на поддржувачи на овој настан е и прилепската компанија Бим Фуд.

Организатор на фестивалот за посетителите подготви:

-изложба на пиперки и производи од пиперка, прoмоција на производи од нашите произведувачи, изобилство и разновидност на производи

-Музичка програма – Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, Андријана Јаневска, Драган Темелковски Џони, Елена Велеска, Рубин Благадуша и Кико и Тикса Бенд, а ќе има и спектакуларно ДЈ шоу предводено од ДЈ Љубиша и РобиЛеј ЛедРобот.

-Детска програма – детско катче за најмладите кои ќе се запознаат со патот на пиперката од фарма до трпеза, со едукативна програма, изненадувања и подароци

-Локална Храна – промоција на извонредниот вкус на локалната храна од Кривогаштани

Зачувајте го датумот и придружете ни се заедно да ја славиме нашата култура и традиција – истакнуваат од фестивалот.




Сподели го ова:

Слични објави