ПРИЛЕП СЕ ПОКЛОНИ НА ХЕРОИТЕ! 112 години од смртта на Пере Тошев, и 121 година од смртта на Гоце Делчев
Денес одбележуваме 121 година од смртта на Гоце Делчев и 112 години од смртта на прилепчанецот Пере Тошев, двајца од најголемите македонски револуционери и национални херои!
Нивната идеја за слободна македонска држава денес нам ни е оставена во аманет и наша должност е да ја сочуваме!
“Ние мораме секојдневно да зборуваме за нивниот живот, за делата на македонските револуционери и за нивната борба за независна Македонија, се со цел повторно и повторно да го потсетуваме светот дека Република Македонија е исконска земја која што цврсто и со длабока наклонетост стои пред своите корени, пред својот идентитет, својот јазик и своето свето име.
“Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.”
Нека му е вечна слава!” – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.