“STANICA.MK” НА ТЕРЕН: Ударните улични дупки кои ги остави претходната локална власт, Јовчески со засилено темпо секојдневно ги санира
Ударните улични дупки кои ги остави претходната локална власт во Прилеп, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески со засилено темпо, секојдневно ги санира-истакнуваат дел од прилепчани, кои до нашиот професионален-информативен тим, испраќаат слики за секојдневната активна работа на прилепскиот градоначалник.
Над 90% од овие ударни дупки беа оставени од претходната локална власт во општина Прилеп, при што граѓаните на општина Прилеп драстично ги оштетија своите автомобили. Меѓутоа, градоначалникот Јовчески и претседателот на Совет Дејан Проданоски, креираат конкретна политика и план за што побрзо активно санирање на сите ударни дупки низ прилепските улици. Целта е-како што истакнуваат од Општина Прилеп, прилепчани во најбрз временски период непречено и без проблем, да се движат низ улиците во Општина Прилеп. Меѓутоа, ударните дупки не се санираат само низ прилепските улици, туку и низ влезовите во Прилеп, со што се подобрува целокупната слика за нашиот град.
Колку за потсетување, ова беше едно од предизборните ветувања на Јовчески. Она што беше ветено, се остварува, а исто така за отприлика половина година откако Јовчески е градоначалник на Општина Прилеп, реализирани се и повеќе проекти и активности, кои што Прилеп веќе започнаа да го враќаат во оној нормален градски сјај-кој што прилепчани го заслужуваат.