ВЕЧНА ПОЧИТ: 121 година од загинувањето на Гоце Делчев
Денес на 4 мај одбележуваме 121 година од загинувањето на Гоце Делчев.
Гоце Делчев целиот свој живот го посветил на идејата за слободна македонска држава. Денес после 121 година од неговата смрт, ги чествуваме неговите заложби и како народ ни претставува должност да ја следиме неговата идеја.
Но за жал и во денешно време, мораме уште поцврсто сеуште да се бориме за зачувување на македонските национални интереси и зацврстување на нашиот идентитет. Пред неговиот лик и дело ветуваме дека од тоа никогаш нема да одстапиме.
.