Проданоски: Жените се двигател на семејството, на институциите и на заедницата
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски лично им го честиташе празникот на многу жени кои со својата работа, грижа и посветеност секојдневно придонесуваат за развојот и напредокот на нашата општина.
“Вчерашниот ден го поминав во средби и разговори со жени од различни сфери на општествениот живот, со новинарките од нашиот град, со вработените во детската градинка „Наша Иднина“, со моите колешки од општинската администрација, со советничките во Советот на Општина Прилеп, како и со штитеничките во Домот за стари лица.
Во секоја од овие средби се потврдува истото: жените се двигател на семејството, на институциите и на заедницата. Со својата посветеност, одговорност и грижа тие оставаат силен белег во општеството и се вистинска инспирација за сите нас.
Ваквите денови треба да бидат потсетник дека почитта, поддршката и еднаквите можности за жените треба да ги негуваме секој ден” – истакна Проданоски.


















