ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ВИЕ: По четврт пат на “Весели Ѕвончиња-2023” ќе настапи Ангела Релушкоска

Веќе е договорено, Ангела Релушкоска наредната 2023 година по четврт пат во Прилеп ќе настапи на најпопуларниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. Ангела, наредната година ќе настапи со една екстра тинејџерска – љубовна песна, зад која како автор на музиката и текстот се потпишува Гоце Илиеска Балада, а аранжманот ќе биде дело на Рубин Димкоски. Имено, Ангела Релушкоска-е уште една тинејџерска ѕвезда од Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, која што на овој најактуелен детски музички фестивал настапува во тинејџерскиот музички блок кој што е веднаш после детскиот музички-фестивалски дел каде што настапуваат деца од 4 до 11 години, додека пак во тинејџерскиот дел настапуваат тинејџерите со екстра тинејџерски хитови до 15 години.
Она што моментално е ново, е тоа што родителите на Ангела задоволни од соработката на нејзината ќерка со Веселите Ѕвончиња, по четврт пат му ја доверија довербата на Гоце Балада за да на Ангела и напише екстра песна за следното издание на “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2023 година, кое ќе се случи наредната година на големата фестивалска сцена во НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп. Имено, денес Ангела слави роденден, при што екипата на информативниот портал “STANICA.MK” и Веселите ѕвончиња и посакуваат СРЕЌЕН РОДЕНДЕН, со желби за понатамошни успеси на музичко поле.

Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи во месец мај 2023 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!!