Новогодишна магија во ООУ “Кире Гаврилоски – Јане”! Првачињата заблескаа на новогодишната училишна сцена
Денеска започна новогодишна магија во ООУ “Кире Гаврилоски – Јане”! Првачињата со прекрасни музички точки ја испратија Старата, а сега со нетрпение ја чекаат Новата година.
Благодарност до Градоначалникот Дејан Проданоски и претставниците од Локалната самоуправа кои им поделија новогодишни пакетчиња на нашите првачиња. Нека блеска среќата, здравјето, заедништвото и надешта! – порачаа од ООУ “Кире Гаврилоски – Јане”.
















