Директорот на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп Игор Гулабоски, со известување до прилепчани

Сподели го ова:


























opstina

Директорот на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп Игор Гулабоски ги известува граѓаните на Општина Прилеп дека поради најавената временска прогноза за подрачјето на Општина Прилеп, и најавата за поројни дождови што очекуваме да го зафатат овај регион, организираше дополнителни дежурни екипи од одделението Одржување на водоводната мрежа и од одделението “Канализација” кои се излезени на терен и внимателно ја следат состојбата се со цел навремено санирање и отпушување на атмосферската и канализационата мрежа.

Дополнителните дежурни екипи на ЈКП„Водовод и канализација“ – Прилеп се на располагање од денес и истите ќе бидат активни и во текот на предстојниот викенд.

Директорот Гулабоски упатува повик до сите граѓани на Општина Прилеп што имаат потреба од интервенција веднаш да се обратат до ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп, а воедно исто така ги замолува граѓаните за разбирање .




Сподели го ова:

Слични објави