И оваа година вриеше од народ на “Широк Сокак во бело”
Цели два дена убавата Битола пулсираше во знакот на добрата музика, одличната забава и незаборавните спомени.
Претходните два дена се одржа манифестацијата “Широк Сокак во бело”, каде што градот на конзулите беше домаќин на оваа извонредна манифестација на која покрај битолчани и гостите од околните градови, присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски.
Во петокот имаше извонредна музичка програма каде настапија голем број на музички имиња, а веќе следниот ден беше посветен на најмладите кои исто така беа облечени “во бело” и уживаа во одличната детска програма. Манифестацијата “Широк Сокак во бело” постои цели 14 години.
Настанот беше поддржан и од Општина Битола.
