ПЕЦАКОВ: Сите ние треба да им оддаваме посебна почит на нашите учители, затоа што тие ја имаат најголемата заслуга за она што сме денес, тие не научија да чекориме кон успехот и да бидеме најдобрата верзија од себе

Сподели го ова:
























Во организација на Институтот за педагогија при Филозовскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска започна Меѓународната конференција „75 година Институт за педагогија-Воспитно образовни предизвици и перспективи“ која до 18-ти мај ќе се одржува во Охрид.

“Одржувањето на овој академски собир токму во Охрид има голема симболика, затоа што ова е центар на словенската писменост и култура. Ова е духовно светилиште на Свети Климент и Свети Наум, дом на ловороносецот Григор Прличев и град кој низ својата долговековна историја израснал повеќе личности кои играле важна улога во афирмацијата на просветителството и оставиле белег на своето време.Педагогијата е најблагородната наука, бидејќи таа е темелот и расадникот на сите други науки и на сите други професии. Во животот на секој голем доктор, правник, инженер, научник, уметник или политички лидер, постои барем еден учител, кој оставил значајна трага, кој бил мотив и патоказ кон остварување на соништата.Сите ние треба да им оддаваме посебна почит на нашите учители, затоа што тие ја имаат најголемата заслуга за она што сме денес, тие не научија да чекориме кон успехот и да бидеме најдобрата верзија од себе”-истакна градоначалникот на Општина Охрид-Кирил Пецаков.




Сподели го ова:

Слични објави