БЛОКАДА НА ПАТОТ: Прилепчани денеска кажаа “НЕ” на ултиматумот и уцените содржани во францускиот предлогот
Прилепчани денеска кажаа “НЕ” на ултиматумот и уцените содржани во францускиот предлогот. Своето незадоволство од францускиот предлог, овој пат го искажаа преку блокада на патниот правец Плетвар-Прилеп, при што патот беше блокиран од 13 до 14 часот.
Народот недвосмислено, масовно и достоинствено кажува НЕ на ултиматумот и уцените содржани во предлогот, кој владата на Ковачевски е спремна да го прифати и на тој начин да дозволи бугаризација на Македонија.
Власта преку прифаќањето на предлогот прифаќа и менување на учебници, менување на историјата, на историските настани и ликови, менување на Устав и слични понижувања. Со еден збор Владата прифаќа Македонија или да биде вечен преговарач или апсолутна асимилација.
Залудни се обидите на власта преку провокатори и преку исценирање на меѓуетнички судири да ги контаминира протестите. Кога веќе владата ги распродава државните и националните интереси, тогаш народот преку мирни и достоинствени протести ги штити.
Владата заради функции и фотелји е спремна на се, но тоа граѓаните го прочитаа и нема да им го дозволат.
Доколку власта реши да го турка овој процес насила, спротивно на волјата на народот, тогаш ВМРО-ДПМНЕ уверува нема да дозволи вакво национално предавство и ќе гласа против Уставни измени , кои се дел од уцените во ваквиот предлог.
Народот кажа Ултиматум-Не благодарам и овие сенародни протести и активности ќе продолжат и понатака, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржува-истакнуваат од ВМРО ДПМНЕ.