ЈОВЧЕСКИ: Да бидиме горди преносители на нашата македонска традиција, на нашите православни празници

Сподели го ова:


























Големиот празник  Богојавление – Водици оваа година традиционално ќе се одбележи со чинот на положување на светиот крст во водите на реките и базените во Прилеп и населените места, а главниот настан во Прилеп ќе се случи во малиот базнет во црквата св. Благовештение во Прилеп. По тој повод, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, до своите сограѓани ја упати следнава покана:

“Ги поканувам сите наши сограѓани на фрлањето на светиот крст во базенот во Црквата Св. Благовештение-Прилеп. Чинот на положување на светиот крст, ќе се одржи на ден 19.01.2023 година (четврток) со почеток во 10:00 часот. Да бидиме горди преносители на нашата македонска традиција, на нашите православни празници, и да се трудиме да ги продолжуваме и негуваме нашите обичаи кои што претставуваат корени на нашето постоење” – порача Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави