ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ВИЕ: Калеша Крстеска по втор пат ќе пее на Весели Ѕвончиња наредната 2023 година кога ќе биде 5-тото јубилејно фестивалско издание


Прилепчанката Калеша Крстеска, штотуку наполни 5 години, а веќе по втор пат ќе пее на најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, наредната 2023 година кога ќе биде 5-тото јубилејно фестивалско издание. Имено, оваа кукличка поседува голема способност за пеење, a oваа година на прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, Калеша настапи со песната “Принцеза мила”, песна која Калеша пеејќи и ја посвети на нејзините родители. Музиката и текстот за оваа песна, специјално ги направи Уметничкиот Директор на фестивалот Гоце Илиески-Балада, а исто така оваа песна си доби и одличен аранжман благодарение на Рубин Димкоски. Песната “Принцеза мила” која што песна прилепчанката Калеша ја испеа оваа година во месец мај на Прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, е таква песна која што целосно ја отсликува љубовта на Калеша кон нејзините родители. Меѓутоа, она што е ново кај Калеша, е тоа што Гоце Балада, моментално за неа прави една екстра типска-детска композиција, која по желба на Калеша, песната ќе се вика “Моето мало мече”, песна и наслов кој е прилагоден за нејзината најрана детска возраст. Според возраста на Калеша, самата таа наредната година повторно ќе настапи во детскиот блок на фестивалот бидејќи тука пеат деца од 4 до 10 години, а како и секоја година, после детскот музички блок следува тинејџерскиот музички блок каде што настапуваат учесниците од 11 до 15 години.
Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи во месец мај 2023 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!!

