ТОЛКУ ОД ЗИМСКИОТ РАСПУСТ: Денеска започнува второто полугодие за учениците во нашата земја
Вчера, беше последниот ден од зимскот распуст, а веќе од денеска, започнува второто полугодие за учениците во нашата земја. Учениците ќе имаат уште еден, пролетен одмор (распуст), и тоа од 29 април до 6 мај 2024, што всушност е новина оваа учебна година.
Учениците во основните училишта ќе учат до 17 јуни 2024 година, за да се исполни утврдениот број работни денови согласно календарот за организација на наставата во училиштата. За средношколците учебната 2023/2024 година ќе заврши на 10.06.2024 наместо на 17 јуни како што е за основците.