Дождот го уништи продолжениот викенд? Дури од вторник не очекува стабилизација на времето

Сподели го ова:


























Дождот кој интензивно паѓаше, а воедно и ќе паѓа и викендов кој што следи, очигледно ќе ги попречи плановите за патување на голем број на наши граѓани. Овој продолжен викенд ќе биде одбележан во знакот на дождот и прилично нестабилното време. Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, а на некои места не е исклучена и појавата на грмежи. Утринските температури денеска ќе се движат од 8 до 16 степени, а дневните од 17 па се до 25 степени.

Ваквото нестабилно време ќе преовладува до понеделник вечерта, а исто така во некои делови може да донесе и појава на грмежи и услови и за изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме проследено со град. Стабилизација на времето, ќе имаме дури од вторник утрото, од кога повторно ќе имаме и пораст на дневната температура.




Сподели го ова:

Слични објави