Прилепскиот театар се закити со две награди на 56-от МТФ „Војдан Черндорински“

Театарот „Војдан Чернодрински“ на 56-от МТФ „Војдан Черндорински“ се закити со две награди, и тоа награда за млада актерка на САРА СПИРКОСКА за улогите во претставата „ДЕКАМЕРОН”, како и награда за современа сценска драматизација на ЛИДИЈА МИТОСКА ЃОРЃИЕВСКА за драматизација и адаптација во претставата „ДЕКАМЕРОН“.
Одлука на оценувачката комисија за доделување на наградите на 56-от МТФ „Војдан Чернодрински“
Оценувачката комисија на 56-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, во состав: Љупчо ЃОРГИЕВСКИ – претседател и членовите Бесфорт ИДРИЗИ и Сотир ТРАЈКОВ ги доделува следните награди:
- НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ на Димитар Димитров за рекламниот материјал од претставата „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје,
- НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА не се доделува.
- НАГРАДА ЗА МУЗИКА на Тримор Доми за музиката во претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,
- НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Благој Мицевски за костимите во претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,
- НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Вишња Вујовиќ за сценографијата во претставата „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје,
- НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА на Лидија Митоска Ѓорѓиевска за драматизација и адаптација во претставата „ДЕКАМЕРОН“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,
- НАГРАДА ЗА ТЕКСТ на Рефет Абази за текстот во претставата „ЈАЗЛИ“ во изведба на НУ Албански театар – Скопје,
- НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ на Хакан Даци за улогата Јаша во претставата „ВИШНОВАТА ГРАДИНА“ во изведба на НУ Турски театар – Скопје,
- НАГРАДА ЗА МЛАДА АКТЕРКА на Сара Спиркоска за улогите во претставата „ДЕКАМЕРОН“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,
- НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА на Викторија Степановска Јанкуловска за улогите во претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,
- НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА „ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ“ на Никола Пројчевски за улогите во претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,
- НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА на Никола Ристановски за улогата д-р Томас Стокман во претставата „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје,
- НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА на Бедија Беговска за улогата Љубов Андреевна Рањевска во претставата „ВИШНОВАТА ГРАДИНА“ во изведба на НУ Турски театар – Скопје,
- НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Ќендрим Ријани за претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,
- НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА на претставата „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје.