|

ПОДГОТОВКИ: Утре некој ќе биде опиен од вино, а некој од љубов

Сподели го ова:


























Утре, 04.02.2022 година се празнува Св. Трифун. Некој утре ќе биде опиен од вино, а некој од љубов. Како и да е, ќе се прославува, кој како одлучил, меѓутоа православните верници треба да го слават православниот празник, а тоа е св. Трифун.

Светата Црквата споменот за св, Трифун го празнува на 1-ви (н.ст.14) февруари. Името на светителот доаѓа од грчкиот збор τρυφή што значи мекост, нежност, деликатност. Св. Трифун е ранохристијански маченик кој денес е почитуван како од Православната на Исток, така и од Римокатоличката црква на Запад.

Основни центри во Византија каде што започнува почитта и култот кон светиот маченик, се Константинопол и Мала Азија. Крстоносците во 1204 година го заземаат Константинопол, така што со нивното влегување градот бил ограбен и опожарен. Покрај многуте бесценети работи, крстоносците ги земаат и моштите на св. Трифун и ги пренесуваат во Рим, па на тој начин неговата слава се раширува и на Запад. Најверојатно уште во Х век за прв пат започнува традицијата, св. Трифун да се нарекува покровител на земјоделците и лозарите.




Сподели го ова:

Слични објави