ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ВИЕ: Емануела од Прилеп ќе пее на детскиот фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”
Прилепчанката Емануела за еден месец ќе наполни 5 години, а нејзините родители ја пријавија да пее на најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, кој по 6-ти пат ќе се случи во април – наредната 2024 година.
Имено, оваа кукличка поседува одлична способност за пеење, a на наредното фестивалско издание Емануела на “Весели Ѕвончиња by JANA”, ќе настапи со екстра детска песна, за која музика и текст напиша Уметничкиот Директор на фестивалот Гоце Илиески-Балада, а исто така оваа песна си доби и одличен аранжман благодарение на Рубин Димкоски.
Песната од Емануела, Гоце Балада ја направи по нејзина желба, а како гласи насловот на песната сеуште нема да откриеме, меѓутоа ќе потенцираме дека песничката е целосно направена за нејзината најрана детска возраст. Според возраста на Емануела, самата таа наредната година ќе настапи во детскиот блок на фестивалот бидејќи тука пеат деца од 4 до 10 години, а како и секоја година, после детскот музички блок следува тинејџерскиот музички блок каде што настапуваат учесниците од 11 до 15 години.
Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи во месец мај 2023 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!!