ЈАНЕ ЧЕНТО КОНЕЧНО НА СЛОБОДА: Пристигна во родниот Прилеп

СТАНИЦА.МК како и секогаш прва дознава и објавува: ЈАНЕ ЧЕНТО КОНЕЧНО НА СЛОБОДА: Пристигна во родниот Прилеп!
По настаните во Собранието на 27-ми април, откако беше притворен и затворен, Јане Ченто денеска за прв пат излезе на слобода – меѓутоа само на слободен викенд.
Минатата година Игор Југ доби слободен викенд после цели 4,5 години поминати во затвор.

Како и да е, Јане Ченто пристигна во Прилеп каде неговите роднини, пријатели и поддржувачи му посакаа искрено добредојде. Имено, на 23 јануари оваа година, прилепчанецот Јане Ченто на социјалните мрежи објави една порака до македонскиот народ во која се вели:
„Наречете ме како што сакате јас само си ја сакам државата во која нема да биде важно кој каков е.
Не сакам да се чуствувам маргинализиран затоа што сум дел од мнозинството на оваа држава. Ние не се поделивме на ваши и наши, туку на некој друг така му одговараше, кога велам ние мислам на сите граѓани на Македонија без никакви поделби, затоа што ние живееме заедно и ќе продолжиме да живееме, а странците ќе дојдат и ќе си заминат“. „Македонија е се што имаме!“ – истакна Ченто на социјалните мрежи.
