МИЦКОСКИ ОД ПРИЛЕП: Важно е да се оддаде почит на хероите кои се спротивставија на бугарскиот фашистички окупатор и фашизмот во Македонија
Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ денеска е во Прилеп, по повод големиот државен празник 11-ти октомври. По тој повод, Мицкоски заедно со претседателот на ОК на ВМРО -ДПМНЕ ПРИЛЕП Дејан Проданоски, прилепските пратеници и претставници од Општина Прилеп, положија свежо цвеќе и се поклонија пред паднатите херои на Могилата на непобедите во Прилеп.
“Важно е да се оддаде почит на хероите кои се спротивставија на бугарскиот фашистички окупатор и фашизмот во Македонија. Прилеп и Куманово ја започнаа таа битка што подоцна ја донесе слободата на Македонија. Честит 11 Октомври” – истакна Христијан Мицкоски.