НЕКА ТИ Е СВЕТОЛ ПАТОТ: Еве кога ќе биде погребан Далибор Ѓошиќ
Почитувани, последното испраќање на нашиот колега Далибор Ѓошиќ ќе биде утре на 12.10.2023 година (четврток), во 13 часот во капелата на гробиштата во Волково – информираат од ансамблот Танец.
Далибор е роден во 1982 година и целиот својот животен и професионален пат го поминува во својот роден град. Музиката е негова љубов и определба уште од најрана возраст, а неговото музичко образование се протега од нижото и средното музичко училиште, сѐ до Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Во Националниот ансамбл Танец се вработува во 2007 година, каде за време на 16-те активни години, како вокален солист и како дел од различни ансамблови состави, остварува 363 концертни настапи, дома и надвор. За само четврт век, со Танец настапи во 23 држави во Европа, САД, Азија, Африка. А статистиката вели и дека има исполнето над 300 песни пред вкупен аудиториум од речиси 100 илјади посетители. Незаборавни се неговите изведби на песните „Дејгиди, луди, млади години“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Кирјана вино продава“, „Јовано, Јованке“ и многу други.
Покрај успешната кариера со ансамблот Танец, Далибор Ѓошиќ беше присутен и на фестивалската сцена. За време на својот краток, но плодотворен живот, остави голем број на безвременски интерпретации на изворни и новосоздадени песни во народен дух, кои трајно ќе останат во аналите на македонската народна музика. Ѓошиќ со право важеше за еден од најдобрите гласови во Македонија.
Вработените во НУ Танец изразуваат длабоко сочуство до неговиот син Стефан и до неговото семејството.
Слава му!
НУ Танец