Приемот на слатките првачиња од ООУ Кире Гаврилоски – Јане  во детската организација, претставува последна од низата на активности кое ова училиште ја реализира во рамките на одбележувањето на неделата на детето

Сподели го ова:
























Приемот на слатките првачиња од ООУ Кире Гаврилоски – Јане  во детската организација, претставува последна, од низата на активности кое ова училиште ја реализира во рамките на одбележувањето на неделата на детето.

Во однос на ова, учениците изминативе денови изработија голем број на работи и учествуваа во различни активности, каде што самите ученици имаа можност многу да научат за детските права и обврски, за создавање на училишни градини, другарување и развивање љубов кон животните , а со значајни дебати и активности беше одбележан денот на учителот.

Драги првачиња,почитувани родители,баби и дедовци !

Како и секоја година така и оваа првата седмица од месец октомври им се посветува на децата и се одбележува Детската недела која оваа година се одбележуваме под мотото

ЈАС И СВЕТОТ ОКОЛУ МЕНЕ !

Децата се нашето најголемо богатство, нашата гордост, нашата радост и нашата иднина. Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка и овозможат еднакви можности.

Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет.

Во сите држави членки на ООН во оваа првата недела од октомври по повод Детската недела се рализираат  активности, па така и учениците од нашето училиште со многубројни активности ја одбележаа Детската недела,која ја заокружуваме со денешниов  свечен прием за сите првачиња во Детската организација со давање свечена заклетва или ВЕТУВАЊЕ.

Сега е вашиот ред вие првачиња да ни кажете што научивте за овој еден месец во нашето училиште односно да ни се претстаите со своите точки а ние внимателно ќе ве слушаме.

Денес пред да го прочитаме ветувањето сакам да го издвојам едно од правата на децата особено важно за вас а тоа е Правото на образование. Што значи тоа? Вие имате право на образование и затоа сте запишани на училиште но од тоа право произлегуваат и вашите одговорности,а тоа се

-редовно и навремено да доаѓате на училиште

– да ги извршувате сите активности кои ви ги даваат наставниците

-да ги слушате и почитувате вашите наставници

Сега со повторувањето на ветувањето кое ќе го дадете вие станувате членови на Детската организација во нашето училиште.

Потоа еден по еден ќе поминувате под знамето на Македонија и  станувате член на Детската организација во нашето училиште” – меѓу другото, истакна директорот на училиштето Влатко Кузманоски.

Наставниот кадар и менаџерскиот тим на секое училиште е тука да го осветли патот на своите ученици кон нивните соништа!




Сподели го ова:

Слични објави