|

Играчот на “Младост 96” Раиф Рустемовски, настапува во Анталија на Feeder Series во организација на WTT

Сподели го ова:























Играчот на “Младост 96”-Прилеп Раиф Рустемовски моментално настапува на Feeder Series, во организација на WTT во Анталија, на сениорскaта серија турнири.

Турнирот започна на 27.03.2023 со настап на Рустемовски со домашниот играч Зихни Сахин, и загуби со 3-1 во сетови. Во вториот натпревар кој се одржа денеска, Рустемовски играше против Санхар Жубанов од Казахстан. Во големата борба, Рустемовски го загуби натпреварот со 3-2 во сетови. Во третиот натпревар предвидено беше да игра со Кениецот Џошуа Вандера, но играчот на Кенија не се појави на маса. Со тоа Рустемовски ќе одигра уште два натпревари со натпреварувачи во утешната група.

Ова е искуство повеќе за нашиот играч кој живее во Шведска, и настапува за “Младост 96”. Очекуваме во плеј – офот, да биде големо засилување за враќање на шампионската титула во Прилеп.



Сподели го ова:

Слични објави