Младите битолчанчиња во ЈКП Водовод-Битола имаа можност да се запознаат со процесот на водоснабдување
Овој месец се одбележува празникот посветен на водите, по тој повод, денес беше реализирана едукативна презентација за значењето на водата и нејзината улога во секојдневниот живот.
Учениците во ЈКП Водовод-Битола имаа можност да се запознаат со процесот на водоснабдување – од зафатот на сирова вода до дистрибуција, начинот на обработка и прочистување на водата. Исто така, тие имаа можност да видат како се врши испитување на квалитетот на водата преку соодветни анализи.
Со оваа активност сакаме да придонесеме кон поголема свесност за заштита и рационално користење на водните ресурси, бидејќи водата е непроценливо богатство кое треба одговорно да го чуваме и користиме секојдневно – порачаа од ЈКП Водовод-Битола.


















