Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е позитивен на Ковид-19

Сподели го ова:


























Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, е позитивен на Ковид-19, а сето тоа е основната причина што самиот тој ја откажа денешната посета на општина Маврово-Ростуше. Како резултат на појавените симптоми, Мицкоски направил брз антигенски тест, при што испаднал позитивен на истиот. Во текот на денот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе биде тестиран и со ПЦР тест за Ковид-19.

Ве известуваме дека посетата и настанот на претседателот Христијан Мицкоски во општина Маврово- Ростуше закажани за денеска во 17:45 се откажани. Причина за откажување е развивањето на симптоми од Ковид 19 на претседателот на партијата Мицкоски, при што беше направен брз антигенски тест, кој беше позитивен-информираат од ВМРО-ДПМНЕ.




Сподели го ова:

Слични објави