Битфест од оваа година преминува во организација на КИЦ – Битола
Битфест од оваа година преминува во организација на Културно информативниот центар – Битола. На годинешниот БИТФЕСТ учество ќе имаат голем број на домашни изведувачи, уметници и културни работници кои ќе претстават доста интересни одржини за сите возрасти. Како што за СТАНИЦА.МК соопшти директорот на КИЦ – Димитар Михајловски за брзо ќе биде објавен и јавниот повик за учество БИТФЕСТ.
„БИТ ФЕСТ“ оваа година ќе трае цело лето преку културни содржини кои ќе бидат вистинска атракција за битолчани, но и добра можност за поттикнување на културниот туризам во градот.


















