|

Eкипата на “Младост 96” имаше успешен старт на пролетниот дел од пингпонгарското првенство на Македонија

Сподели го ова:


























Викендот во Скопје во СЦ “Јане Сандански” , започна пролетниот дел од пингпонгарското првенство на Македонија, каде екипата на “Младост 96” како актуелен првак на Македонија,имаше успешен старт, и ќе се обидe да ја одбрани титулата.

На самиот старт дерби натпревар од 10-то коло “Младост 96” играше со вице првакот Телеком Нец 2, каде и овој пат имаше победа за прилепскиот тим со убедливи 4-2.

Играч на натпреварот беше Андреј Лашкоски со 2 победи,а по една победа извојуваа Антонио Стомнароски и Ѓорѓе Борчиќ, а резерва беше Лука Огненоски. Со оваа победа пингпонгарите на “Младост 96” го зацвртија второто место со само еден пораз  и девет победи. На врвот на табелата е Крива Паланка со десет победи, и меѓу овие две екипи ќе се бара државниот првак на крајот на сезоната.Лигата продолжува на 31.03 каде “Младост 96” игра со Пелагонија од Битола и Работнички од Скопје.




Сподели го ова:

Слични објави