Ниту дождот не ги поколеба илјадниците македонци и вечерва да протестираат против прифаќањето на францускиот предлог

И вечерва, македонските граѓани протестираа против францускиот предлог, а протестите ќе продолжат се додека Владата не се откаже од прифаќањето на ваквиот предлог. Вечерва се протестираше пред Влада, пред Собранието на Република Македонија, како и пред Министерството за надворешни работи. Река народ од сите градови и вечерва протестираше низ Скопје, искажувајќи го својот револт против францускиот предлог.
Македонскиот народ бесен и воедно разочаран од францускиот предлог и од сегашната-централна власт, и вечерва протестираше во центарот на Скопје, а дождот не ги поколеба илијадниците македонски граѓани кои дојдоа вечерва на овој протест.
Вечерва пред собранието, полицијата приведе и 11 лица кои на овие протести го искажуваа своето незадоволство од францускиот предлог, бранејќи го и она малку македонско кое ни остана. Во вечерашните протести, повредени беа вкупно 47 повредени полициски службеници од кои 11 се здобија со посериозни повреди.