Денес, претставници на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп предводени од претседателот Дејан Проданоски, положија свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто во Прилеп

Сподели го ова:


























Денес, претставници на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп предводени од претседателот Дејан Проданоски, положија свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто во Прилеп.

“Ченто како прв претседател на Президиумот на АСНОМ, со својот живот и дело, го трасира патот по кој треба да чекорат идните генерации, водени од идејата за самостојна, независна и суверена Република Македонија. Слава му!”-истакнаа од О.К на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп, а веднаш потоа се огласија и на социјалните мрежи каде споделија цитат од Методија Андонов Ченто:

„Господине директоре, не можете тоа од нас да го барате. Не можете ниту Вие, ниту било кој друг да ни забрани нам и на нашите деца, дома и овде на часовите да зборуваме на својот мајчин македонски јазик, затоа што ние сме Македонци, а нашите деца се македонски деца”.




Сподели го ова:

Слични објави