АПСЕЊЕ ВО ПРИЛЕП: Aгресивно се однесувал и попречувал полициски службеници при вршење на службени дејствија
На 23.09.2023 во 23.15 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Т.(48) од Прилеп затоа што агресивно се однесувал и попречувал полициски службеници при вршење на службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок -информираат од МВР.