ПРЕТРЕС ВО ДОМОТ НА СОВЕТНИК ВО ОПШТИНА: Пронајдени се предмети за кои постои сомневање дека се украдени од комбинат!
OK на ВМРО ДПМНЕ од Могила, информира дека советник од оваа општина е приведен поради тешки кражби. Во прилог на оваа објава, ја пренесуваме информацијата која е објавена на официјалната Facebook страна на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од општина Могила:
“Шарениот советник Борче Бучински (50) приведен поради тешки кражби .Го повикуваме Бучински од морални причини да си поднесе оставка од член на Советот на Општина Могила.
Да и објасни на јавноста за што точно се работи, недозволиво е луѓе кои имаат проблем со законот да одлучуваат за иднината на жителите во општина Могила.
Реализирање на своите лични интереси, поигрување со жителите со манупулации и ширење на невистини и клевети и разни уцени излегоа на виделина.
Го прашуваме да да одговори на колку наврати е повикуван на распит за прекршување на законот по повеќе основи во својот мандат на советник.
Сите негови заложби дека работи во интерес на граѓаните биле всушност да ги прикрие неговите дела, да не одговара пред законот за присвојување на работи кои не се во негова сопственост.
Недозволиво е криминалци да ги застапуваат граѓаните” – информираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од општина Могила.