Големината на кавадарчани не е во нивната бројност, туку во нивното гостопримство и добрина

Градот Кавадарци е прекрасен во секое годишно време, а посебно во есен кога есенскиот ветар создаваа едно необично-пријатно уживање. Како велат, големината на кавадарчани не е во нивната бројност, туку во нивното гостопримство и добрина. А ние, Ви препорачуваме што поскоро да ја посетите оваа општина, и да уживате во градот кој што говори за времето, виното, антиката и традицијата.
Населбата “Кавадарци” првпат се споменува во далечната 1519 година, како мала рурална населба во состав на т.н.Ќустендилскиот санџак. Евлија Челебија во 1664 година доаѓа во посета на Кавадарци (Тиквеш), кој остава запис за кавадаречката чаршија која тивко шепоти за минатото, сегашноста и иднината во убавото Кавадарци.