БУРНА НОЌ ВО ПРИЛЕП: Опожарено возило, а сосема друго возило излетало од патот

Сподели го ова:


Утрово, на 27.04.2022 во 03.00 часот по полноќ во ОВР Прилеп добиена е пријава дека на крстосница од улиците ул.„Борис Кидрич“ и „Кеј 9-ти Септември“ во Прилеп, патничко моторно возило марка „БМВ” кое било со прилепски регистарски ознаки-управувано од 24 годишниот Џ.И. излетало од патот. Во ова несреќа со големи и тешки телесни повреди е здобиен возачот.

Еден час подоцна од овој настан, поточно утринава во 04.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Богомилска“ во Прилеп настанал пожар во патничко моторно возило „Фолксваген Голф” со прилепски регистарски ознаки кое што било во сопственост на Е.А.(42)  од  Прилеп. Пожарот веднаш бил изгаснат од страна на сопственикот на возилото, а повредени во овој случај нема. Веднаш по пријавата увид извршила екипа на ОВР Прилеп.





Сподели го ова:

Слични објави