Амбасадорката Агелер на средба со Министерот Љутков
Денес, во Министерството за култура беше остварена средба помеѓу Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Н. Е. Анџела П. Агелер, и Министерот Зоран Љутков.
“Средбата течеше во срдечна и пријателска атмосфера со оглед на фактот што САД се постојани поддржувачи на интегративните процеси на нашата држава, а следната 2025 година ќе одбележиме 30 годишнина од воспоставувањето на дипломатски односи.
Од тогаш до денес, на нашата држава и се укажа можноста да добива финансиски грантови од Амбасадорскиот фонд за културна заштита со кои е извршена реставрација и конзервација на значајни споменици на културата во нашата земја.
На средбата, со амбасадорката Агелер се согласивме заеднички да го посетиме монументалниот “Споменик на слободата” на Григор Чемерски во Кочани, за кој е издвоен грант од Амбасадорскиот фонд на САД.
Уште еднаш ја нагласивме важноста на постоењето на американските катчиња (во Скопје, Битола, Тетово, Штип и во Струга), чие успешно функционирање е уште еден доказ за трајното партнерство помеѓу двете земји” – истакна Министерот за култура и туризам Зоран Љутков.