ЈКП “Водовод и канализација” стартува со огромни работни активности според програмата за работа
ЈКП “Водовод и канализација” според програмата за работа стартува со работни активности. Денес започна реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. “Илија Игески” во должина од 220м која се наоѓа на потегот од ул.”Мирче Ацев” до ул. “Благоја Николоски” на која има 40 приклучоци. Постојната водоводна мрежа на оваа улица е изградена во 1957г.
Реконструкцијата денес предвидува замена на постоечката стара азбесна линија со профил Ф50, со нова Ф90 полиетиленска линија. Вредноста на оваа реконструкција е 1.300.000 ден, а потребата на истата се честите дефекти кои се јавуваат токму во овој дел од градот. ЈКП “Водовод и Канализација”-Прилеп паралелно работи и на една од најстарите линии во Прилеп на ул. “Кузман Јосифовски Питу” во должина од 80 метри. Старата водоводна линија се заменува со нова Ф63 полиетиленска линија.На терен увид во работните активности денес направија градоначалникот Борче Јовчески и директорот на ЈКП “Водовод и канализација” Игор Гулабоски.
Во периодот што следува ќе има низа на градежни зафати и активности кои се во интерес на услугите кон граѓаните.