Филм кој не смеете да го пропуштите! Во киното “Мис Стон” во Прилеп ќе се прикажува филмот “Јорговани”
Како што објавивме претходно, киното во Прилеп работи со “полна пареа” и постојано на репертоарот се нудат повеќе филмови – според вкусовите на прилепската публика. Имено, во вторник на 01.10.2024 година во Киното Мис Стон во Прилеп со почеток во 19-30h, ќе биде прикажан моментално најпопуларниот филм на Балканот, а тоа е филмот “Јорговани”
Влезници за овој извонреден филм ќе може да си набавите на билетарницата од кинотo, и тоа во понеделник и вторник од 10 до 12.00 часот, како и еден час пред проекцијата на филмот!!!
Се гледаме на кино!