ФОТО: Вака изгледале поранешните полициски (милициски) возила
Како што информиравме во вчерашните наши објави, вчера (07.05.2024) во паркот во општина Аеродром (авион) се одржа централната манифестација по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, на која присуствувааше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Токму од вчерашната прослава, ни доаѓа и оваа фотографија, на која се гледа поранешното полициско (милициско) возило, кое беше изложено на вчерашната манифестација по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција.