АНГЕЛ СИ ТИ! Среќен 43-ти роденден Тоше!
Денеска, 25 јануарисе одбележуваат 43 години од раѓањето на Тоше Проески. Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна уште во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.
Неговиот живот заврши пред 15 години на 16.10.2007 година, во годината која што Тоше одбележуваше 10 години успешна кариера.