РЕКИ ОД НАРОД КАКО ДА Е МИТИНГ! “The Hounds” музички ги обедини сите прилепчани во едно!
“The Hounds”, вчера вечерта на камената бина во Прилеп направија спектакл за паметење – со нивниот настап- Трибјут на Архангел како дел од проектот на Општина Прилеп насловен “Од нула до култура”, проект кој е вграден и се реализира согласно годишната програма за култура за 2023 година.
Прилепскиот музички бенд The Hounds, e добро познат на прилепската јавност по духот на стилот и музиката која што овој бенд ја негува повеќе од една деценија, и благодарение на истата авторска музика, успешно опстојува како на прилепската, така и на македонската музичка сцена. Можеме слободно да кажеме дека се бренд на градот, а за тоа е доказ нивниот нов албум насловен како „Самосвест“.