Повторно апсење во Прилеп! “Лисици на рацете” за двајца битолчани и еден кичевчанец
На 25.01.2026 во 20:30 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. “Тризла” во Прилеп, ги лишиле од слобода С.М. (20) од Кичево, како и А.М.(27) и Д.Џ.(27), двајцата од Битола.
При преглед на патничко возило “мерцедес” кое било со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.М., а сопатници биле А.М. и Д.Џ., била пронајдена ќеса со марихуана.
Како што информира МВР, веднаш по документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок.


















