Чонески во неговиот кабинет го пречека Ставре Јада, човекот кој ќе ја претставува Македонија на Зимските олимписки игри
Денеска, крушевскиот градоначалник Нико Чонески оствари средба со Ставре Јада, кој ќе нè претставува на Зимските олимписки игри во Милано – Кортина 2026.
За мене е вистинска чест и задоволство што имаме спортист кој се издвојува со својата посветеност, дисциплина и искрена љубов кон спортот. Неговиот труд, упорност и континуирана работа се доказ дека успехот доаѓа како резултат на голема жртва и силна волја. Како градоначалник, му давам целосна поддршка на неговиот спортски пат и искрено му посакувам многу успех, добро здравје и врвни резултати. Убеден сум дека со својот карактер, професионализам и спортски дух достоинствено ќе ја претстави нашата општина и нашата држава на највисоката светска спортска сцена и ќе биде пример и мотивација за младите генерации – порача Чонески.


















