ВИДЕО: Проданоски му го зададе последниот удар на СДСМ! Ги фати повторно во лага!

Сподели го ова:


























Веднаш откако СДСМ во јавноста пласираше информации дека првата делница од Градско до Дреново изгледа одлично, и дека работите се завршени над 90%, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски,  ги демантираше ваквите информации а со самото тоа му го зададе последниот удар на СДСМ!

“Тука сме на лице место за да ги разобличиме лагите коишто социјалдемократите се обидуваат да ги пласираат до јаноста.

Овде во Дреновската клисура каде што сме на самиот старт на почетни градежни активности а за кои што слушнавме дека во 90% експресниот пат е завршен. Овие се истите лаги, исти како оние на почетокот на нивниот мандат кога Facebook и Google чекаа на граница, истите лаги како фабриката за автомобили во Тетово.

Македонските граѓани треба да видат и да знаат дека овде на ова место е сам старт на почеток на градежни активности а не е видлив ниту крајот на она како што тие сакаат да го пласираат.

Да не зборувам тука и за третата фаза од експресниот пат за која што има обезбедено средства и за која што можеше истата да биде завршена ако не беа платени пеналите кон компанијата на која што и се бараше рекет за да остани да го гради автопатот и се изгуби значително голем период од изградбата на автопатот и барање на друга компанија.

Почитувани граѓани на лагите од социјалдемократите им нема крај, овие лаги мора да завршат.

Затоа на 8-ми мај ве повикувам сите да заокружите број 2 за да и ова автопатско решение биде завршено и да биде ставено во функција на секој граѓанин на Република Македонија” – истакна Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави