Денеска на Коледе, крушевскиот градоначалник ги даруваше најмладите со коледчиња, во духот на вековната традиција
Денеска, по повод Бадник, низ Крушево помина традиционалната бадникова поворка. Голем број деца со бадникови ѕвезди ја најавија радоста на Христовото раѓање и ја пренесоа празничната атмосфера низ градот.

Во рамки на поворката, дечињата го посетија и кабинетот на градоначалникот, каде беа топло пречекани и дарувани со коледчиња, во духот на вековната традиција.















