Секоја чест за градоначалникот Јовчески-без никаква финансиска импликација врз и онака преоптоварениот буџет на општината, Прилеп ќе биде украсен во духот на новогодишните празници

Сподели го ова:
















Централното градско подрачје и оваа година ќе биде осветлено и украсено во духот на новогодишните празници.Украсувањето на градот, ќе биде со истите новогодишни украси од изминатите години и без никаква финансиска импликација врз и онака преоптоварениот буџет на општина Прилеп. Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Јовчески, ќе се потруди да се почувствува новогодишната атмосфера за претстојните празници, на која најмногу се разбира се радуваат најмладите. Исто така сакаме да ја информираме јавноста дека локалната самоуправа во рамките на своите надлежности активно работи на решавање на проблемите со уличното осветлување и семафорите кои што во моментов не се во функција.







Сподели го ова:

Слични објави