ПОВРЕДЕНИ СЕ НЕКОЛКУ ПРИЛЕПЧАНИ: Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Прилеп-Крушево

Сподели го ова:























На 06.10.2023 во 21.05 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(46) од Битола, и патничко моторно возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(43) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Т. кој бил пренесен во Градска болница-Прилеп каде починал, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Исто така, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од Прилеп во возилото „ауди“, а возачот И.Б. и сопатниците И.Б.(38) од Прилеп и уште еден малолетник се здобиле со телесни повреди, кои им биле констатирани во Градска Болница-Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп и Јавен обвинител – информираат од МВР.



Сподели го ова:

Слични објави