Проданоски, со моќна порака по повод Меѓународен ден на мајчиниот јазик: Македонскиот јазик е наша вековна традиција, богатство и идентитет
Низ историјата, македонскиот јазик не само што опстанал, туку и цутел. Се зборува, пишува и пее не за да докажеме дека постоиме, туку затоа што сме наследници на ова богатство. По повод Меѓународен ден на мајчиниот јазик, прилепскиот пратеник Дејан Проданоски упати моќна, впечатлива порака во која се вели:

“Македонскиот јазик е наша вековна традиција, богатство и идентитет. Да го славиме Меѓународниот ден на мајчиниот јазик со гордост и љубов, пренесувајќи го неговото значење на следните генерации.
Нека зборовите ни бидат мостови на разбирање и толеранција, а македонскиот јазик – симбол на нашата единственост. Заедно, да продолжиме да го негуваме и да му даваме нова сила!” – порача пратеникот Проданоски.
















