Екипите на ЈКП Водовод – Битола, во соработка со Нискоградба и Комуналец излегоа на терен во с. Брусник

Сподели го ова:






























По интензивните дождови, во текот на денешниот ден 20.11.2025, екипите на ЈКП Водовод Битола, во соработка со Нискоградба и Комуналец, излегоа на терен во с. Брусник.

Со механизација и ангажирани работници се спроведуваше санација на штетите предизвикани од обилните врнежи, со цел навремено нормализирање на состојбата во населеното место.

Во моментов ситуацијата е стабилна, а екипите ќе продолжат со активностите во текот на целиот ден – онолку долго колку што е потребно.




Сподели го ова:

Слични објави